Skip to main content
Article
Закон за спречување на корупција во локалната власт: Правни прашања поврзани со дизајнирање на прописи и тела за спречување на корупција на локално ниво во Македонија
Queen Elizabeth House Working Paper (2008)
  • Bryane Michael
Abstract
Општините во Република Македонија треба да усвојат прописи за спречување на корупција со цел да ја намалат корупцијата. Овој труд ги разгледува правните прашања поврзани со изработката на такви прописи и обезбедува правен совет за советите на општините за правна и економска анализа потреба за решавање на некои од потешките и подетални прашања. Најважното прашање произлегува од креирањето на модел на пропис кој општините во Македонија (или Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија) можат да го усвојат со цел воспоставување и работа на тела за спречување на корупција на локално ниво. Анализирана е локацијата на таквите тела, како и нивните надлежности (помеѓу другото, следење на судир на интереси, мониторинг на анкетните листови, спроведување на ревизии за ризици од корупција). Исто така трудот дава и правно толкување на легислативата во Македонија и нејзиното влијание врз дизајнирањето на прописи од страна на советите на општините од областа на спречување на корупцијата – обезбедувајќи законска основа за позитивен административен молк, поделба на набавките на општините и (најконтроверзно) qui tam наградите на општинско ниво. Кратката анализа на регулаторното влијание на прописот покажува добивка во вредност од €162,900 во општествена корист доколку таква програма се воведе во Македонија.
Publication Date
2008
Citation Information
Bryane Michael. "Закон за спречување на корупција во локалната власт: Правни прашања поврзани со дизајнирање на прописи и тела за спречување на корупција на локално ниво во Македонија" Queen Elizabeth House Working Paper Iss. 168 (2008)
Available at: http://works.bepress.com/bryane_michael/43/